Австралија се откажа од организација на трка во Ф1


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Трката за Големата награда на Австралија оваа година нема да се вози во Формула 1, откако и беше откажана поради пандемијата на ковид-19.

Формула 1 утрово објави дека ниту сезонава нема да имаме шанса да ја гледаме трката во Мелбурн.

Поради пандемијата на ковид-19 и рестрикциите кои важат во државата не е возможно да се одржи трката.

Од Формула 1 најавија дека Мелбурн повеќе не е во календарот, но се надеваат дека трката конечно ќе се одржи следната сезона.

Ф1 нема да остави празно место и ќе го замени Мелбурн со друга трка, а засега се преговара со неколку организатори за нова трка.