Азар го бранат со чудни изговори: Тој не е дебел, туку виновен е – дресот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Еден Азар уште не се прилагоди во екипата на Реал Мадрид, а многумина сметаат дека вишокот на килограми е виновен за тоа.

Навивачите постојано го критикуваат дека е премногу дебел, па сметаат дека Азар треба да поработи на тоа.

Сепак, во одбрана на Азар застана еден од тренерите од репрезентацијата на Белгија, кој смета дека тој не е дебел.

„Азар воопшто не е дебел. Го знам толку многу години и тој секогаш беше ваков, проблемот е во дресот, зашто белото додава килограми. Создадена е погрешна слика за тоа“, кажа еден од тренерите.

Сите се надеваат дека Азар наскоро ќе почне да настапува како во Челси, а токму таа е причината и поради која го купија „кралевите“.