Азар го критикуваа, ама тој најде начин како да ги замолчи навивачите на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид беше елиминиран од Лигата на шампиони (ЛШ) откако загуби од Челси во Лондон со 0-2.

За Реал Мадрид заврши патот во ЛШ, а по бурната ноќ на удар на навивачите се најде Еден Азар, кој играше од првата минута, но не се покажа најдобро на теренот.

Навивачите на „кралскиот клуб“ беа бесни поради тоа што Азар по мечот се смееше со другарите од Челси и им честиташе за пласманот во финалето.

Тоа ги налути навивачите кои бараат Азар да биде продаден уште летово, но по натпреварот се појави статистика за тоа колку км претрчал секој фудбалер.

Азар претрча најмногу во екипата на Реал, и тоа 10,64 км, а зад него беа Крос, Модриќ, Рамос, Начо…