Азар: Конечно дојде времето за уживање со пиво

Белгискиот репрезентативец Еден Азар се раздели со Реал Мадрид една година пред да му заврши договорот.

Поранешната ѕвезда на Челси не ги исполни очекувањата во шпанскиот гигант и наскоро се очекува да стави крај на кариерата.

Причина за тоа е и неговата изјава за медиумите, каде што вели дека е време да ужива во животот со пиво.

„Малку по малку, конечно дојде времето да уживам со пиво и да не размислувам што ќе биде утре. Секогаш ќе бидам играч на Белгија и ќе бидам љубител на добриот фудбал“, вели Азар.