„Азар пиеше цела ноќ, а наредниот ден пијан даде три гола!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белгискиот фудбалер Еден Азар никако да се прилагоди во Реал Мадрид и да ги исполни очекувањата од шпанската екипа, иако во 2019 година пристигна како големо засилување.

Азар досега во Мадрид почесто беше повреден, отколку здрав, па одигра само 56 меча, при што постигна пет гола и запиша девет асистенции.

За неговата кариера се раскажани многу приказни, а една од најинтересните во јавност ја објави Рио Мавуба, поранешен соиграч на Азар од Лил.

На 20 мај 2012 година во 38. коло од Лига 1 играа Лил и Нанс, а Азар претходната ноќ се опијанил, по што следниот ден постигнал три гола за победа од 4-1.

„Тоа беше последниот меч на Азар за Лил и сакаше нешто да организира за нас. Ни подготви луда забава. Пиеше цела ноќ, а следното утро уште беше пијан, но на мечот даде три гола за 30 минути“, вели Мавуба.