Азар по 392 дена постигна одличен гол, го зема мобилниот и испрати порака до навивачите ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Еден Азар по 392 дена постигна гол за Реал Мадрид. Тоа е неговиот втор гол во дресот на шпанскиот тим, откако стигна за 100 милиони евра од Челси.

Азар постигна навистина убав гол за 4-1 во победата против Хуеска, а по мечот зема мобилен телефон во раце и снимаше видео-порака за сите навивачи.

„Поздрав момци. Мило ми е што се вратив и постигнав убав гол. Ова е за вас. Се надевам дека ќе се видиме наскоро“, порача Азар.

Реал со денешната победа го задржа лидерското место во Ла Лига, но тие имаат проблеми сезонава, посебно во Лигата на шампиони каде што се очајни.