Азар сними бизарна реклама, па ги налути „кралевите“ 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден Азар го исмејуваат на социјалните мрежи поради една реклама која ја сними пред Европското првенство (ЕП).

Азар заедно со неколку репрезентативци учествуваше во реклама за хамбургери, кои го добија името по прекарот на Белгија, односно „црвени ѓаволи“.

Фотографијата привлече големо внимание, посебно на социјалните мрежи затоа што Белгиецот имаше ужасна сезона во која се соочи со проблеми со килограмите.

Токму вишокот на килограми е причината поради која сите му се лути на Белгиецот, па сега „кралевите“ збеснаа зошто Азар мораше да снима баш ваква реклама пред ЕП.

Азар пристигна во Мадрид во 2019 година, но не се покажа како добро засилување и не ги оправда очекувањата.

За неговите услуги Реал Мадрид му плати 115 милиони евра на Челси, а белгискиот репрезентативец за возврат постигна пет гола на 43 меча.

Меѓутоа, Азар би можел да добие уште една шанса во шпанскиот гигант бидејќи тренерот Карло Анчелоти ќе смета на неговите услуги.