Азар со порака до Мбапе: Направи го тоа што јас не можев!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Килијан Мбапе пред неколку дена потпиша договор со Реал Мадрид, но ќе биде промовиран во дресот на шпанскиот гигант по завршување на Европското првенство (ЕП).

Мбапе доби многу пораки по преселбата во Мадрид, а една од нив пристигна од поранешниот играч на „кралевите“, Еден Азар.

„Направи го тоа што јас не можев, уживај во Реал и освојувај трофеи“, му порача Азар.

Азар пристигна како големо засилување од Челси, но никогаш не ги оправда очекувањата и често беше повреден, па за време на својот престој запиша само седум голови и 12 асистенции на 76 настапи.