Азар вресна на цел глас по остар старт на Рудигер (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид веќе неколку дена се наоѓа во Лас Вегас на подготовки, а треба да се соочи против Барселона во пријателски меч.

Големите ривали ќе одиграат пријателски дуел на подготовките во САД, а вчера на тренингот на „кралевите“ главна тема беа Еден Азар и Антонио Рудигер.

Рудигер го засили Реал како слободен играч, додека Азар пристигна од Челси пред неколку години за речиси 110 милиони евра.

Меѓутоа, сите во Мадрид беа загрижени откако Рудигер вчера со остар старт го удри Азар, кој вресна и не можеше да продолжи со игра.

Азар денеска ќе има медицински прегледи по што ќе се знае колку време ќе паузира од фудбалските терени.