Баерн Минхен ги направи првите чекори – понудени 80 милиони евра за ѕвезда на Сити


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн Минхен му понуди 80 милиони евра на Манчестер сити за Лирој Сане, а крилниот напаѓач ќе добие договор вреден 10 милиони евра по сезона и соработка на пет години.

Веста ја објави Фабрицио Романо, а набрзо нешто слчно пристигна и од новинарот Николо Шире, а приказната стана актуелна по коментарот на претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, кој кажа дека Баварците ќе се обидат да го донесат 23-годишниот Германец.

Сане на „Итихад“ пристигна во 2016 година од Шалке за 37 милиони фунти, а минатата сезона беше прогласен за најдобар млад фудбалер во Премиерлигата, но тоа не влијаеше да добие поважна улога кај тренерот Пеп Гвардиола.

Германецот одигра 47 натпревари и постигна 16 голови, но малку натпревари почна во првиот тим, па се смета дека тоа е причината поради која Сане сака да се пресели во Минхен.