Баерн Минхен ја одредил цената за Левандовски!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот шампион Баерн Минхен пред неколку дена го купи Садио Мане од Ливерпул, па тој треба да биде замена за Роберт Левандовски, кој неколку пати јавно кажа дека сака да си замине од клубот.

Полскиот репрезентативец планира да се пресели во Барселона, но неговиот договор важи до следното лето, па поради тоа каталонскиот гигант ќе мора да плати одредена сума за него.

Баварскиот тим наводно ја одредил цената за Левандовски и таа изнесува 50 милиони евра, па заинтересираните клубови наскоро може да тргнат по неговиот потпис.

Освен Барселона, интерес за фантастичнито напаѓач покажаа Челси и ПСЖ, па ќе биде голема битка за неговиот потпис.