Баерн Минхен може да загуби бодови откако заигра со 12 фудбалери против Фрајбург


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот шампион Баерн Минхен славеше со убедливи 4-1 против Фрајбург и освои важни три бодови, меѓутоа во еден момент од мечот заигра со 12 фудбалери и поради тоа може службено да го загуби натпреварот.

Во завршницата од дуелот Баварците излегоа на теренот со 12 фудбалери и играа 17 секунди, по што судијата доби порака дека има грешка.

Правилата се јасни и затоа Фрајбург може да добие службена победа од 3-0, ако случајо домаќините решат да се жалат.

„Верувам дека нема да се жалиме затоа што Баерн Минхен не доби предност во тие 17 секунди. Тоа е мое мислење“, кажа тренерот на Фрајбург.