Баерн Минхен суспендирал фудбалер кој ја поддржал Палестина?

Германскиот шампион Баерн Минхен го отстрани Нусар Мзаруаи од првиот тим откако искажа поддршка за Палестина во воениот конфликт против Израел.

Мазруаи пред неколку дена јавно ја поддржа Палестина, а утрово почнаа шпекулации дека не се појавил на тренинг, меѓутоа видеата покажуваат дека тој тренира сам без соиграчите.

Баерн наскоро преку соопштение треба да ја објасни ситуацијата и да каже дали Мазруаи официјално е суспендиран.