Баерн Минхен во проблеми пред финалето на Светското клупско првенство


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жером Боатенг не е единствениот фудбалер на кој нема да може да смета Баерн Минхен во Катар откако утрово пристигна уште една загрижувачка информација.

Ханси Флик неколку часа пред финалето на Светското клупско првенство за тимови остана без Томас Милер.

Милер беше позитивен на ковид-19 на најновото тестирање кое го направи по вчерашниот тренинг.

Од истата причина Флик нема да може да смета и на Хави Мартинез и Леон Горецка, додека Боатенг претходно се врати дома затоа што неговата поранешна девојка Касје Ленхард си го одзема животот.

Финалето на Светското клупско првенство почнува во 19 часот, а претходно играат Ал Ахли и Палмеирас за трето место.