Баерн не мисли да запре: Нагелсман добива голема ѕвезда од Барселона!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен летово остана без полскиот напаѓач Роберт Левандовски, но германскиот шампион успеа да ангажира неколку добри засилувања и не мисли да запре.

Баварците се согласија да го продадат полскиот напаѓач, откако претходно го купија Садио Мане, а пред потпис за германскиот тим се наоѓа и Матијас де Лихт од Јувентус.

Германските медиуми пишуваат дека на листата со желби на Баварците се наоѓа и Френки де Јонг од Барселона, кој е голема желба на Манчестер јунајтед.

Де Јонг не сака да се пресели во Манчестер, но сепак би можел да заигра за Баерн ако германскиот гигант се договори со Барселона за трансфер.

Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ наводно разговарал со управата на Барселона, а од Каталонија добил одговор дека Де Јонг ќе биде продаден само за 85 милиони евра.