Баерн не му можеше ништо на Манчестер сити, Интер закажа дерби против Милан (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во полуфинале ќе гледаме дерби меѓу гигантите од Мадрид, откако Интер вечерва одигра 3-3 и со вкупни 5-3 ја елиминира Бенфика од Лигата на шампиони (ЛШ), а место меѓу најдобрите четири екипи избори и Манчестер сити кој одигра 1-1 со Баерн Минхен.

Интер нападна од самиот почеток и стигна до 1-0 преку Барела, по што гостите од Лисабон преку Аурсенс израмнија на 1-1.

Во второто полувреме Мартинез искористи шанса за 2-1, по што Кореа стрелаше за 3-1, а до крајот Силва и Муса погодија за 3-3.

Халанд промаши пенал против Баерн во 38. минута, по што се корегираше и постигна погодок во 57. минута за 1-0, а Кимих израмни на 1-1 во 83. минута.