Баерн приморан во јануари да доведе дефанзивец, а стигнува репрезентативецот на Шпанија

Минхенски Баерн е приморан во јануари да бара засилувања во одбраната.

Откако се повреди Никлас Шуле и Лукас Хернандез, Нико Ковач остана „краток“ со дефанзивците, па Баерн можеби и непланирано ќе мора да купува во јануари.

Веќе се знае кој би можел да стигне во Минхен. Баерн ќе тргне по фудбалерот на Атлетик Билбао, Нунез (22) и контактите со овој фудбалер се веќе остварени.

Баварците веќе одреден период го следат Нунез. Задоволни се од она што им го пружа 22 годишникот и можат да го доведат за поприлично добра цифра.

Во неговиот договор со Атлетико постои клаузула според која може да го напушти клубот за 30 милиони евра, што во овој момент е идеално за Баерн.