Баерн сака да го украде од Ливерпул, а тој „танцува“ по кал (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во претходните недели една од главните теми е иднината на Садио Мане, кој би можел кариерата да ја продолжи во Баерн Минхен, но сепак Ливерпул нема да го пушти толку лесно.

Ливерпул ја одби првата понуда од Минхен затоа што не била доволно добра, а Мане не е загрижен премногу за својата иднина, па замина во татковината.

Мане во неговото родно село заигра фудбал по кал, па очигледно нема проблем да игра на ужасен терен, иако во текот на кариерата заработи милиони евра.

„Повторно сум на овој историски терен и среќен сум поради тоа. Навистина сакам да играм овде по дожд. Моите поранешни соиграчи и пријатели од детството ми се јавија и ме поканија да играм“, кажа Мане.