„Баерн синоќа не уништи за пола час“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер синоќа се поразени во пријателски натпревар против Баерн со 4:1.

Баварцџите синоќа со поигруваа со Интер, и рутински запишаа победа. Интер одигра очаен меч, а Стеван Јоветиќ после натпреварот рече дека пред оваа екипа има доста работа до почетокот на новата сезона во италијанската Серија А.

„Баерн нас едноставно не уништи за само пола час од натпреварот. Пред нас е доста работа во ова лето, но се надевам дека спремни ќе го дочекаме почетокот на сезоната, и дека вакви натпревари повеќе нема да повториме“, рече Јоветиќ.

Интер наскоро се враќа во Италија каде што ќе ги продолжи своите подготовки, но се чини без напаѓачот на Мауро Икарди кој е на излезните врати од клубот.

„Икарди е одличен фудбалер и би било голема штета ако тој го напушти Интер. На тренинзите е доста смирен и не зборува за понудите. Јас искрено се надевам дека ќе останам во Интер“, додаде Црногорецот.