Баерн со седум гола уништи Салцбург, залудна победа на Интер на „Енфилд“ 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн Минхен вечерва немаше проблеми и лесно стигна до победа против Салцбург од 7:1, додека Интер славеше со 1-0 против Ливерпул, но залудно.

Првиот натпревар заврши без победник 1:1, а Баерн на домашен терен од самиот старт најави во каква насока ќе одат работите вечерва. Германскиот гигант после само 23 минути игра имаше предност од 3:0, па до крајот само остануваше отворено прашањето со каков резултат ќе се заврши натпреварот.

Сите три гола за Баерн во тој период ги постигна Роберт Левандовски. До крајот на полувремето погоди и Гнабри за баварците со 4:0 да заминат на пауза. Во вториот дел Милер и Сане се погрижија за поубедлива победа. Милер постигна два гола во 54. и 83. минута, а Сане ги постави конечните 7:1 пред самиот крај. Почесниот гол за гостите беше дело на Кјаергард во 70. минута.

Првиот натпревар во Италија, Ливерпул го доби со 2:0 и на крајот успеа да ја задржи таа предност иако тоа не им беше лесно. Во првиот дел не видовме многу прилики, по некоја имаше и на двете страни, но мрежите мируваа.

Лаутаро Мартинез во 62. минута постигна еден еврогол и го врати Интер во игра. Сепак, само една минута подоцна Алексис Санчез после еден невнимателен старт заработи втор жолт картон и беше исклучен.

Од тој момент Ливерпул ја контролираше играта и ја имаше топката во свој посед. Салах немаше среќа да постигне гол и два пати ја погодуваше стативата. На крајот Интер однесе победа која сепак не им беше доволна, па тимот на Клоп продолжува во следната фаза.