Бака го одби Вест Хем! Нема договор околу платата, Колумбиецот чека повик кој не се одбива!


Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓


Сепак, Чеканите не се откажуваат….

Пукнаа преговорите меѓу Карлос Бака и Вест Хем!

Со овој наслов миланска Газета дело Спорт се огласи во јавноста и стави на сите до знаење дека реализација на трансферот кој до вчера делуваше како готова работа до зделка нема да дојде.

Влијателниот италијански весник, кој ретко кога објавува погрешни информации кога е на тапет Милан, јавува дека не дошло до договор со Бака во текот на денешните преговори во Градот на модата, а проблем наводно е во износот на годишните примања.

Имено, Чеканите нудат договор од 4 милиони евра по сезона, а најдобриот играч на Росонерите бара милион повеќе.

Премногу, велат луѓето од Лондон, иако веќе имаат договор со Милан околу оштетата, која ќе изнесува меѓу 25 милиони и 30 милиони евра, зависно од бонусите.

Но, Газета донесува и информација која донесува и дополнителен заплет во приказната.

Имено, Бака го одби Вест Хем бидејќи сеуште се надева дека ќе добие повик од Диего Симеонe да се врати во Шпанија.

Колумбиецот со сите сили пробува што повеќе да одолговлечи преговорите со Вест Хем, а во случај ако Атлетико повика, одма ќе влезе да разговара со нив.

Бака го сака уште и Валенсија, но Слепите Лилјаци во оваа конкуренција немаат шанса, посебно бидејќи на играчот прв избор е баш тимот од Мадрид.

Но, ни во Лондон не се откажуваат, веќе пробуваат да најдат начин да го решат актуелниот проблем.