Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот напаѓач Марио Балотели и понатака тренира со резервите на Ливерпул чеќајќи понуда од некој друг клуб.
Иако во претходните денови се шпекулираше за тоа дека Балотели својата кариера може да ја продолжи во Бешикташ од тој трансфер нема да биде ништо.
Сепак, италијанскиот напаѓач дочека конечно да ја добие првата понуда во ова лето. Имено, како што пренесуваат англиските медиуми Ајакс денеска ги контактираше Редсите во врска со Балотели.
Холандската екипа сака дополнително да ја засили екипата за ЛШ, а Балотели е прв на листата на желби на овој клуб.
Тешко дека некој можеше да очекува дека Балотели во најубавите години ќе биде чекор од Ајакс, но тоа се чини како единствено решение за Италијанецот. Балотели е пречкртан во Ливерпул, а интерес од другите клубови за него баш и нема.