Барди доби затворска казна од четири месеци во Валенсија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди беше осуден на затворска казна од четири месеци од Судот во Валенсија поради тоа што покажал лажна возачка дозвола на полицијата, но нема да заврши зад решетки.

Шпанските медиуми пишуваат дека Барди го признал делото и поради тоа судијата ја суспендирал затворската казна, која потоа била заменета со условна во траење од две години.

Доколку македонскиот репрезентативец го повтори делото во следните 730 дена, тогаш ќе оди зад решетки.

Барди минатата година во април бил запрен од полицијата додека го возел своето Порше во Валенсија, по што му била побарана возачка дозвола.

Еден од полицајците забележал дека е лажна возачката дозвола бидејќи недостигале некои безбедносни ознаки и поради тоа го испратиле случајот до Судот во Валенсија.