Барди ќе го напушти Леванте и ќе се пресели во Валенсија!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Валенсија во последните години има просечни резултати и е далеку од врвот во шпанската Ла Лига, а веќе размислува за засилувања за летниот преоден рок и една од желбите е македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Барди повторно се поврзува со заминување од Леванте, кој испадна од Ла Лига, па поради тоа Валенсија сака да ја искористи ситуацијата и да потроши помалку пари за трансфер на македонскиот фудбалер.

На списокот на Валенсија се наоѓаат и Гонзало Мелеро и Хозе Кампања, но „лилјаците“ се надеваат дека може да ги купат сите тројца за 10 милиони евра.

Леванте до 30 јуни има рок да покрие 10 милиони евра со приходи од трансфери, па тоа дополнително ги загрева шпекулациите за заминувањето на Барди.