Барди ќе игра против Базел, а Тричковски против Днипро


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ждрепката во Нион ги одреди и дуелите во Конференциската лига, каде што играат македонските фудбалери Енис Барди со Трабзонспор и Иван Тричковски со АЕК Ларнака.

Барди со Трабзонспор ќе се соочи против Базел, додека Тричковски и АЕК Ларнака ќе се судрат со Днипро.

Парови за плејофот во Конференциската лига:

Карабах – Гент
Трабзонспор – Базел
Лацио – Клуж
Бодо/Глимт – Лех Познањ
Брага – Фиорентина
АЕК Ларнака – Днипро
Шериф Тираспол – Партизан
Лудогорец – Андерлехт