Барди: Македонија покажа дека има квалитет, сите нѐ гледаат со други очи!

Македонскиот фудбалер Енис Барди кажа дека нашата репрезентација сериозно ќе влезе во мечот против Лихтенштајн, кој се игра утре од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“.

Македонија загуби со 2-3 во дуелот против Романија во Букурешт, но сега е фаворит и се очекува освојување на три бодови на нашите фудбалери.

„Ние ќе влеземе сериозно во мечот, кој е многу важен за нас. Македонија покажа дека има квалитетен состав, сите нѐ гледаат со други очи, а утре треба да ја завршиме работата. Тешко е да се игра против тим кој постојано се брани. Сепак, имаме доволно квалитет за да ги совладаме“, вели Барди.