Барди постигна гол во стилот на Роналдињо – од слободен удар под живиот ѕид! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна феноменален погодок од слободен удар, откако испрати шут под живиот ѕид.

Барди постигна гол на мечот против Валјадолид во рамки на осминафиналето на шпанскиот Куп, а дел од медиумите го споредија неговиот шут со Роналдињо.

Нашиот фудбалер во 23. минута ги измами противничките фудбалери и голман, откако топката ја турна под нив и таа заврши во мрежата.