Барди се сели во екипа која е најголемо изненадување сезонава и се бори за ЛШ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди е одличен и оваа сезона во Леванте, па и во претходниот преоден рок беше желба на неколку екипи, но реши да остане до крајот на сезоната во тимот кој е пред испаѓање од Ла Лига.

Барди на лето ќе си замине од Леванте, а шпанските медиуми пишуваат дека најзаинтересиран за неговите услуги е Бетис, кој сезонава игра на врвно ниво и се бори за пласман во Лига на шампиони (ЛШ).

Македонецот во јануари остана во Леванте за да се обиде да му помогне на тимот да избори опстанок во лигата, иако шансите на екипата Барди е блиску до трансфер во Бетис сѐ повеќе се намалува.

За услугите на Барди се заинтересирани и тимовите на Реал Сосиедад, Селта и Торино.