Барди: Среќен сум поради мојот гол со кој освоивме бод против Атлетико Мадрид! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Енис Барди постигна гол против Атлетико Мадрид, кој е лидер во шпанската Серија А и така му донесе бод на Леванте.

Барди беше одличен и против Реал Мадрид, кога асистираше за триумфот од 2-1, а сега го запре и вториот гигант од Мадрид.

„Среќен сум за голот. Долго време паузирав и сега сум пресреќен со освоениот бод против лидерот. Ова беше тежок меч за нас, но покажавме дека може да играме и против најдобрите“, вели Барди.

Барди кажа дека Атлетико ги притиснал и сакал да ги освои трите бода, но благодарение на нивната тимска игра тие успеаа да се изборат за еден бод.