Баркли: Сакам навивачите на Голден Стејт да страдаат, ми се гади од нив!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чарлс Баркли ја продолжи војната со навивачите на Голден Стејт вориорс која почна пред првиот меч против Далас маверикс.

Баркли, кој работи за „ТНТ“ имаше непријатна средба со навивачите на Голден Стејт, при што му се „истури“ на еден од нив.

Пред вториот дуел, Баркли доби прашање зошто му ја дава фаворитската улога на Далас во дуелот.

„Не мислам дека се подобар тим. Едноставно, не можам да го изберам Голден Стејт затоа што ги мразам нивните навивачи. Тие се одвратни, само сакам да ги видам како страдаат“, одговори Баркли.