Барса се повлече од трката, Реал на чекор од голем трансфер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Палмеирас Габриел Хесус е на мета на многу европски гиганти.

Габриел блескаше во Бразил и се е извесно дека наскоро ќе засили некој од клубовите во Европа.

Интер беше во преговори со овој играч, но Нероаѕурите ја имаа таа несреќа дека играчот е на мета на и на Сити, Јунајтед, Баерн, Јувентус, Реал и Барселона.

Со оглед дека има само 19 години, тоа најдобро илустрира за каков играч се работи. Марка, меѓутоа, тврди дека Барселона се повлече од трката за младиот напаѓач.

Според Марка, Реал Мадрид е најблиску до доведување на игеач кој има прекар Габригол, а вреди околу 25 милиони фунти.

Наводно спортскиот директор на Палмеирас Алехандре Матос претстојуваше во Мадрид во минатите денови со цел да изврши разговори со Реал со цел да се заврши трансферот пред 5 август, кога во Рио почнуваат Олимписките игри.