Барселона без три ѕвезди ќе гостува во Будимпешта


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Барселона обезбеди пласман во следната фаза од натпреварувањето во Лигата на шампиони, а во петтото коло ќе се соочи против Ференцварош во Будимпешта, каде што нема да може да смета на неколку важни фудбалери.

Тренерот на каталонскиот гигант, Роналд Куман реши со себе да не ги земе Марк Андре Тер Штеген, Филипе Кутињо и Лионел Меси, а притоа Барселона не може да смета на Пике, Фати, Роберто и Умтити.

Во секој случај, Каталонците немаат причина за да се измачат во Будимпешта, па сигурно нема премногу да им недостигаат овие фудбалери.