Барселона брка двајца фудбалери за да го задржи Меси?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона им понуди раскин на договорите на Самуел Умтити и Миралем Пјаниќ, кои не се во плановите на тренерот Роналд Куман за следната сезона, а исто така претседателот Жоан Лапорта сака да собере пари за да го задржи Лионел Меси.

Умтити и Пјаниќ имаат високи плати, а исто така и договор на повеќе сезони. Босанскиот фудбалер има соработка на три години, додека дефанзивецот на две години.

Фудбалерот од Босна и Херцеговина минатата сезона пристигна во Барселона од Јувентус за 60 милиони евра, но настапи само на 19 меча.

Од друга страна, Умтити стигна во клубот во 2016 година во трансфер вреден 25 милиони евра и беше стандарден член на каталонскиот тим.

Каталонците успеаа да го намалат тимот бидејќи претходно Франсиско Тринкао го испратија на позајмица во Вулверхемптон.