Барселона чека во заседа, но Челси веќе договорил големо засилување!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спортскиот новинар Фабрицио Романо, кој е специјалист за трансфери затоа што прв ги објавува деталите, кажа дека Челси ги испратил документите до Севиља за Жил Кунде.

Челси врши притисок врз тимот од Андалузија да ја прифати понудата од 55 милиони фунти за Кунде, кој ќе добие петгодишен договор со „сините“.

Сега премиерлигашот чека одговор од Севиља, која треба да даде дозвола за трансферот и така ќе се избегне опасноста од Барселона, која во заседа чекаше да реагира и да го купи дефанзивецот.

Барселона претходно му украде договорено засилување на Челси, а станува збор за Рафиња од Лидс.