Барселона добива бесплатно засилување од „Олд Трафорд“!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Хуан Мата на крајот на сезонава очигледно ќе го напушти Манчестер јунајтед.

Мата во Јунајтед стигна во 2014 година, а очигледно дојде време за разделба, зашто искусниот фудалер на крајот на сезоната останува без договор со англискиот клуб.

„Ѓаволите“ не сакаат да му понудат нов договор, па Шпанецот почна да бара нов клуб и сега постои голема можност да се пресели во Барселона.

„Мундо Депортиво“ вчера објави дека таткото на Мата бил забележан во Барселона пред неколку недели, кадешто разговарал за иднината на својот син.

Мата не е приоритет за Каталонците, но тренерот Ернесто Валверде би сакал да го види на „Камп Ноу“, иако Шпанецот би бил резервна опција.

Овој 30-годишен фудбалер беше на чекор од Барселона пред осум години додека играше за Валенсија, но тогаш потпиша за Челси.