Барселона добива ново засилување: Кеси ги поминал медицинските прегледи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Талентираниот фудбалер Франк Кеси на крајот на сезоната ќе си замине од Милан и негова следна дестинација ќе биде Барселона.

Раководството на Милан преговараше со фудбалерот да остане во екипата, но сите понуди беа одбиени, затоа што Кеси сакаше нов предизвика.

Следна дестинација на Кеси ќе му биде Барселона, а тоа го објави и познатиот новинар Фабрицио Романо, кој тврди дека каталонскиот гигант ќе ја искористи репрезентативната пауза за да го потврди трансферот на фудбалерот за врска.

Кеси во Лугано успешно ги поминал медицинските прегледи и се сретнал со претставниците на Барселона со кој ги договорил сите детали од договорот. Веќе е познато дека во Барселона ќе заработува 6.5 милиони евра по сезона.