Барселона донела конечна одлука околу иднината на Гризман


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Барселона донеле конечна одлука за францускиот фудбалер, Антоан Гризман.

Офанзивецот не задоволи во првата сезона на „Камп Ноу“ па токму затоа се појавија шпекулации дека тој би можел да замине од клубот.

Се појавија и заинтересирани клубови кои сакаа да го видат 29 годишниот фудбалер во своите редови, но како што стојат работите тој нема да си оди од Барселона, барем не ова лето.

Според „Мундо Депортиво“ Барселона нема да влегува во преговори со ниту еден тим и нема намера да го продава Гризман.

Инаку, во медиумите се шпекулираше дека за Антоан Гризман има интерес од ПСЖ, Челси и Њукасл.