Барселона го промовираше Кеси, кој доби клаузула од – 500 милиони евра! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона денеска го промовираше Франк Кеси, кој доаѓа како слободен играч, откако му заврши договорот со Милан.

Овој трансфер беше договорен пред неколку месеци, а сега официјално беше промовиран и потпиша договор на пет години.

Неговото официјално претставување е закажано за 6 јули, а во договорот има откупна клаузула од 500 милиони евра.

Кеси за Милан одигра 224 меча во кариерата, а притоа постигна 39 голови за актуелниот шампион на Италија.