Барселона и Манчестер Сити ќе разменат играчи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот медиум „Дејли Телеграф“ пренесува дека Барселона и Манчестер Сити ова лето би можеле да разменат играчи.

Португалскиот фудбалер од Манчестер Сити, Жоао Кансело по само една сезона помината на Островот ќе си замине од клубот и кариерата ќе ја продолжи во друг тим.

Наводно за него интерес има од Барселона која го посакува како десен бек за својот тим, а во замена за него е подготвена да му го понуди Нелсон Семедо на Манчестер Сити.

Наводно „граѓаните“ биле подготвени за ваква соработка со шпанскиот тим.