Барселона и Реал се бореа за него кога имаше 10 години, сега е јасно зошто


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот Ансу Фати стана вистинска сензација кога со само 16 години се наметна за настап во првиот состав на Барселона.

На младиот фудбалер му се поклопија коцките поради повредите кои ги имаше во Барселона, па Валверде му даде шанса на неколку натпревари на кои Ансу Фати дефинитивно го покажа својот огромен потенцијал.

Малку е познато дека за овој фудбалер се бореле Реал Мадрид и Барселона кога тој имал 10 години. Ансу Фати ја избрал Барселона, а неговиот татко во едно интервју  објасни и зошто го сторил тоа.

„Реал му нудеше подобри услови од Барселона, но Барселона ј аизбравме затоа што дојдоа во мојата куќа, разговаравме и не убедија. Нивниот начин на убедување ми се допадна повеќе“ –истакна таткото на Фати.

Шест години подоцна младиот фудбалер влезе во историјата на Барселона како најмлад стрелец на погодок за клубот, а влезе и во историјата на Лигата на шампионите како најмлад дебитант во најелитното Европско натпреварување.