Барселона им го понудила Умтити, а нивниот одговор бил: Да не се шегувате?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден клуб сметал дека станува збор за шега кога Барселона во текот на состанокот им го понудила Самуел Умтити.

Барселона одамна се обидува да се ослободи од францускиот дефанзивец, но Умтити има договор и не сакаше само да замине.

Умтити сезонава одигра само еден меч во Ла Лига во ремито против Осасуна (2-2), а тренерот смета дека му е вишок.

Каталонски „Спорт“ објави дека претставник на Барселона го споменал името на Умтити како достапно во разговор со претставник на друг европски клуб, но тој го прашал дали е шега.

Умтити има договор до 2023 година, а според истиот заработува околу 208.000 фунти неделно.