Барселона мора да продава, деветмина за три места!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона ќе мора да продава. Не само поради евентуално доведување на Нејмар, туку и поради вишокот на играчи.

Наводно Валверде му рекол на претседателот дека нешто мора да направи, во средниот ред се девет фудбалери, само тројца можат да играат.

Тука се Бускетс, засилувањето Де Јонг, Ракитиќ, Артур, Кутињо, Алења, Видал, Серхи Роберто и Рафиња. Последните двајца се универзалци, но додека Серхи Роберто може да биде алтернатива на десниот бек, за Рафиња нема место. Исто така, се чини дека Кутињо е вишок, но не е едноставно да се продаде Бразилецот.

Веројатно Бускетс, Ракитиќ и Де Јонг би требало да бидат стартери, додека Видал, Артур и Алења алтернатива.