Барселона може да жали: Го имаше договорено Димитриевски, но остана без него поради – Нето!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот голман Столе Димитриевски веќе три меча по ред нема примено гол против Барселона, а такво нешто последен пат се случило пред 50 години.

Каталонскиот гигант може само да жали што меѓу неговите стативи не е Димитриевски со кого се договори за трансфер минатата зима, но сепак не успеа да го ангажира поради Нето.

„Сè беше готово со Барселона и чекав само да замине Нето, но од некоја причина тој не го напушти клубот и затоа не се комплетира трансферот“, кажа Димитриевски за српски „Моцартспорт“ пред четири месеци.

Димитриевски вчера имаше дури шест одбрани против големите ѕвезди на Барселона и уште еднаш успеа да ги запре.