Барселона направи чудо со Обамејанг и ги испрати документите до Ла Лига


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Зимскиот преоден рок синоќа заврши во најголем дел од европските лиги, а последниот ден ни донесе многу возбудувања. Во центар на внимание беше Пјер-Емерик Обамејанг, кој вчера стигна во Барселона и се чекаше реализација на неговиот трансфер.

Во Барселона до последна минута од преодниот рок се бореа за потписот на Обамејанг, а иако тоа делуваше како невозможна мисија, сепак на крајот Каталонците успеаа во намерата да потпишат договор.

Обамејанг синоќа ги помина медицинските прегледи и веќе позираше во дресот на Барселона, откако каталонскиот гигант ги испрати документите до Ла Лига во предвиденото време.

Фудбалерот од Габон синоќа беше во просториите на Барселона, каде што разговараше со претседателот Жоан Лапорта и го потпиша договорот, па на крајот имаше причина да слави затоа што успеа да замине од Арсенал.