Барселона не се откажува – пак сака да го врати Меси?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раководството на Барселона на почетокот на сезонава не успеа да го врати Лионел Меси во тимот, по што Аргентинецот реши да потпише за Интер Мајами.

Барселона не се откажува од идејата да го врати Меси и планира да го ангажира на позајмица од американскиот тим, иако засега не се откриваат повеќе детали.

Тоа е возможно само ако Интер Мајами не се пласира во плејофот, што значи Аргентинецот ќе биде слободен до февруари.

Каталонскиот тим планира да го ангажира во јануари и да го задржи само до март, зашто потоа почнува сезоната во МЛС-лигата.