Барселона „нема пари“, а си купи засилување од 60 милиони евра! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона денеска го договори Рафиња од Лидс, а за неговите услуги каталонскиот гигант ќе треба да плати околу 60 милиони евра, но интересно е тоа што екипата од Каталонија се соочува со големи финансиски проблеми, а сепак има пари за засилувања.

Иако во текот на јуни управата на Барселона размислуваше клубот однапред да ги продаде ТВ-правата и да заработи пари, сепак од некаде Жоан Лапорта успеал да пронајде финасиски средства за засилувања.

Барселона досега ги ангажираше Франк Кеси од Милан и Андреас Кристенсен од Челси, а плати и пет милиони евра за Пабло Торе, по што треба да исплати дури 60 милиони и за Рафиња.

Каталонскиот гигант нема намера тука да запре, туку тие планираат да тргнат и по потписот на Роберт Левандовски, но засега никој не знае од каде Лапорта наоѓа пари за овие фудбалери.