Барселона остана без две ѕвезди пред дуелот со Наполи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона вчера одигра 0-0 на гостувањето кај Атлетик Билбао, но главоболките на тренерот Чави Ернандез не прекинуваат затоа што се повредија две ѕвезди во првото полувреме.

Најпрво Френки Де Јонг со помош на возило во 26. минута го напушти теренот откако се здоби со повреда на зглобот на ногата и ќе паузира еден месец.

На крајот на првото полувреме Педри се здобил со посериозна повреда на десната натколеница, а засега не е познато колку време ќе паузира.

Овие две повреди се голем проблем за Барселона пред реваншот во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) против Наполи.