Барселона победи за излез од мини кризата, но повторно им се повреди Меси (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Барселона стигна до тешко извојувана победа против Вилјареал со 2:1.

Сите три погодоци беа постигнати во првото полувреме. Најпрво резултатот го отвори Гризман по едно нафрлање на Меси, а на 2:0 зголеми Артур со фантастичен еврогол.

На сличен начин како Артур возврати Санти Казорла кој игра одлично во дресот на Вилијареал. Тоа на крај се покажа и како конечен резултат на средбата.

Главоболки за Валверде ќе претставува новата повреда на Лео Меси кој мораше да биде заменет на полувреме.