Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Барселона оваа сезона покажа целосна доминација во Шпанија бидејќи го освои сè што можеше, но за Каталонците нема одмор бидејќи подготовките за новата сезона веќе започнаа. Се очекуваат значајни промени во играчкиот кадар, и шестмина играчи на Барселона веќе се отпишани.
Ханси Флик во првата сезона на клупата на каталонскиот клуб успеа да постигне фантастичен резултат и освои тројна круна во Шпанија, а беше многу блиску и до значаен успех во Лигата на шампионите со оглед дека неговиот тим стигна до полуфиналето.
Иако германскиот тренер наведува дека е исклучително задоволен со играчкиот кадар што го има на располагање јасно е дека Барселона ова лето ќе игра сериозна улога на пазарот и се очекуваат промени во овој тим.
Барселона има намера да донесе неколку звучни засилувања, а приоритет е зајакнување на одбраната и нападот. Единствено каде што нема да има големи промени е средниот ред кој се чини функционира совршено.
Се разбира, за да може Барселона да донесе нови засилувања, ќе треба да направи простор во играчкиот кадар, а шпанските медиуми пишуваат дека веќе сега е јасно на кои играчи Флик повеќе не смета.
Каталонскиот „Спорт“ објави дека Флик веќе има разговарано со повеќето играчи бидејќи сакал да биде искрен кон оние што ни следната сезона не се во посериозни планови и им дал совет дека е најдобро среќата да ја побараат на друго место.
На таа листа се Андреа Кристенсен, Пао Виктор, Инаки Пена, Ансу Фати, Хектор Форт и Пабло Торес. Тие оваа сезона не се наиграа многу, и Флик призна дека нивниот статус тешко дека ќе се промени ако останат во клубот.
Фото: Принтскрин