Барселона сака да го отпушти, но не може: Куман една работа го чува од отказ!

Барселона продолжи со ужасните настапи, па едвај освои бод против Гранада во 90. минута. Тимот почна да бара замена за Роналд Куман, кој тврди дека оваа екипа е далеку од таа пред неколку години која доминираше во светот.

Претходните денови како најсериозни кандидати за кормилото на Барселона се споменуваа Антонио Конте и Андреа Пирло.

Меѓутоа, една работа го чува Куман од отказ, а тоа е фактот дека би морале Каталонците да му исплатат 12 милиони евра за отштета.

Барселона е во лоша финансиска ситуација, па ова лето мораше да си замине Лионел Меси, а клубот го напушти и Антоан Гризман.

Меѓутоа, Барселона сега не може да најде 12 милиони евра за да го отпушти Куман затоа што тоа би бил голем удар за нивниот буџет.